УЕФА отвори официјална истрага против Фенербахче, откако навивачите на турскиот клуб вчера го скандираа името на рускиот претседател Владимир Путин во мечот од квалификациите за Лигата на шампионите во Истанбул против украинскиот тим Динамо Киев, со цел даа се испита „однесувањето на навивачите“.
Во драматичен меч, Динамо стигна до 2:1 гостинска победа по продолженијата за да се пласира во третото коло на квалификациите, каде што ќе игра со австрискиот Штурм Грац. Инцидентот се случи во 57. минута, кратко по исклучуваето на Исмаил Јуксек од Фенербахче, кога Виталиј Бујалски го донесе украинскиот тим во водство, а навивачите скандираа „Владимир Путин“. Фенер, иако утнаа пенал, израмнија преку Атила Салаи, пред Олександер Караваев во 114. минута да ги однесе Динамо во третото коло.
Фенербахче преку соопштение денеска објавија дека се работи за само 20 секунди од мечот кој траел 120 минути и дека навивачите биле испровоцирани од однесувањето на „дел од играчите на Киев кои порано играа во Турција“.
„И покрај тоа, Фенербахче ја отфрла реакцијата на делот од нашите навивачи. Нефер е да се оценува клубот според еден инцидент кој не ги претставува нашите вредности“, се вели во објавата на клубот.
Turkish fans began to chant "Vladimir Putin" from the stands after Kyiv "Dynamo" scored a goal against the Turkish team "Fenerbahce"
WTF!?! it’s just a soccer game! pic.twitter.com/UGFIsg4bWc— zwarte vos (@adler_yana) July 27, 2022
На Улкер арена ечеше „Владимир Путин“, Динамо Киев го елиминира Фенербахче