Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо има можност вечерва во Украина да го постигне 700 гол во кариерата. Португалија во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 гостува кај лидерот во Б-групата, Украина.
Во пресрет на меѓусебниот дуел Украина има 16 бода и со победа ќе си обезбеди место на ЕУРО 2020, додека Португалија со 11 бода е на второто место.
Роналдо пред неколку дена против Луксембург го постигна својот 94 гол за Португалија, а кога на тоа ќе се придодадат и 605 гола што ги постигнал за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал и Јувентус се доаѓа до бројката од 699 гола во кариерата.
Натпреварот на Олимпискиот стадион во Киев ќе започне во 20.45 часот.