Претседателот на Баерн Минхен Ули Хенес, в петок по 40 години ќе го напушти клубот. Човекот што го трансформираше Баерн во еден од најсилните европски клубови, на годишното собрание ќе се повлече од функцијата за која го предложи поранешниот директор на „Адидас“, Херберт Хајнер.
Хенес како супервизор ќе остане во клубот уште најмалку четири години.
Откако Хенес се префрлил во менаџментот на Баерн клубот освоил 24 трофеи во Бундес лигата, 14 во германскиот Куп и две во Лигата на шампионите.
Хенес на Херберт во наследство ќе му остави богат и стабилен клуб, со 300.000 членови и 1.000 вработени и со профит од 52 милиони евра.
Првата задача на новиот претседател ќе биде да најде тренер кој ќе го води првиот тим. По отказот што го доби Нико Ковач медиумите шпекулираат со неколку имиња, а најавите се дека во наредните седум до десет дена ќе биде именуван новиот тренер.