Анте Ребиќ лошо ја започна сезоната поради што добил жестоки критики од својот тренер Ади Халер. Ајнтрахт Франкфурт синоќа загубија во Стразбур 1-0, во првиот плејоф меч за пласман во Лига Европа, а Ребиќ бил заменет во паузата помеѓу двете полувремиња.
Хрватскиот репрезентативец од почетокот на преодниот рок се поврзува со разни клубови, а последен кој влегол во трката по неговиот потпис е Интер.
„Доколку сака да остане тука тогаш барам од него тоа да го покаже со желба и борбеност на теренот. Доколку не го сака тоа тогаш ние ќе се снајдеме и без него. Кога играч го носи дресот на Ајнтрахт тогаш барам од него да го даде максимумот на теренот. Тоа денес од Ребиќ не го добив“, рекол Хутер и порачал дека тој и спортскиот директор Фреди Бобиќ планираат да разговараат со него.