Легендарниот поранешен холандски напаѓач, Марко ван Бастон очигледно нема високо мислење за модерните фудбалски ѕвезди, велејќи дека Лионел Меси не е ниту во топ 3 најдобри фудбалери во историјата на спортот.
34-годишниот Меси во својата кариера освои рекордни седум „Златни топки“ и постигна над 800 гола за своите клубови и својата репрезентација. Но, Ван Бастен, кој освои три „Златни топки“ пред да оди во предвремена пензија поради повреди на само 28 години, не го сместува меѓу најдобрите.
„Пеле, Диего Марадона и Јохан Кројф се тројцата најголеми фудбалери во историјата. Како дете сакав да бидам како Кројф. Тој ми беше голем пријател и секојдневно ми недостасува. Пеле и Марадона исто така беа неверојатни. Меси е голем фудбалер, но Марадона беше човек кој имаше вистински карактер во тимот. Меси не се става напред кога одиш во војна“, вели Ван Бастен за „Франс фудбал“.
Тој ги спомена и другите големи фудбалски имиња: „Не ги заборавам ниту Кристијано Роналдо, Мишел Платини или Зинедин Зидан“.