Top Sport

Ван дер Варт за Куртоа: Зборувa глупости!

Откако голманот на Реал Мадрид и белгиската фудбалска репрезентација, Тибо Куртоа жестоко ја нападна УЕФА поради згуснатиот распоред и безмислениот натпревар за трето место во Лигата на нации обвинувајќи дека првите луѓе на организацијата се борат само за своите џепови, стигна реакција од поранешниот холандски репрезентативец, Рафаел Ван дер Варт.

„Куртоа зборува глупости. Доколку нема натпревари, би имал 6 месеци одмор. Играш фудбал, клубот ти плаќа многу пари и нормално е календарот да е пополнет. Сите го поминавме тоа“ изјави екс-играчот на Реал Мадрид.

Инаку Куртоа, кој годишно од „Кралевите“ заработува 7,2 милиони евра смета дека на УЕфА играчите воопшто не им се важни:

Куртоа ја нападна УЕФА: Играчите не им се важни, важно е џебовите да им бидат полни

Scroll to Top