Top Sport

Ван Гал за изјавата на Ди Марија: Депај го помина истото па се бакнуваме во уста

Селекторт на Холандија, Луис ван Гал, зборуваше за Анхел Ди Марија на прес-конференција во пресрет на натпреварот против Аргентина во четврфиналето на Светското првенство.

Ди Марија, претходно во кариерата изјави дека Ван Гал е најлошиот тренер со кој соработувал. Ван Гал му беше тренер на Ди Марија во Манчестер јунајтед.

На прес конференцијата пред утрешниот натпревар, медиумите го потсетија Ван Гал на оваа изјава на Аргентинецот.

„Ди Марија е многу добар играч кој во тоа време имаше проблеми во приватниот живот. На пример, тој беше ограбен, што влијаеше на неговата форма таа сезона. Тој е еден од играчите кои ме нарекоа најлош тренер. Жал ми е за тоа мислам дека е тажно, но тренерот понекогаш мора да носи тешки одлуки. Од друга страна, Мемфис Депај го помина истото во Манчестер јунајтед и сега се бакнуваме во уста. Така оди во фудбалот“, изјави Ван Гал, а Депај кој беше со него на прес-конференцијата почна да се смее.

„Да, сега е смешно, но навистина не е, верувајте ми. Тренерот не прави такви работи без причина. Сепак, тој не сака да се бакнува во уста, штета е“, заклучи Ван Гал.

Scroll to Top