Top Sport

Ванда Нара бара милион евра од Икарди за трансферот во Галатасарај

Ванда Нара и Мауро Икарди неодамна ставија крај на долгогодишната врска, а сега се соочуваат со случај на развод и борба за старателството над нивните деца, но проблемите предизвикани од прекинот на тие односи не се само од приватна и семејна природа.

Ванда со години беше менаџер на Икарди, таа беше клучна за неговиот трансфер од Интер во ПСЖ, а потоа и од ПСЖ во Галатасарај. Раскинувањето на врската резултираше и со прекин на деловната соработка, но „Газета дело Спорт“ пишува дека Ванда не го прифаќа ова без надомест.

Менаџерката бара еден милион евра на сметка за нејзината улога во позајмицата на Икарди во Турција, а Икарди одбива да ја плати бидејќи смета дека Ванда нема основа за такво барање. Се чини дека и овој случај, исто како и разводот, ќе се решава на суд.

Scroll to Top