Видео асистентот (ВАР) ќе се започне да се користи во Лигата на шампионите со почетокот на нокаут-фазата,, одлучи денес Извршниот комитет на УЕФА на состанокот во Даблин.
УЕФА, на почетокот на оваа натпреварувачка сезона, најави дека ВАР-технологијата ќе биде воведена во Лигата на шампионите од сезоната 2019/2020, меѓутоа поради неколкуте спорни ситуации што се случји во досегашниот тек во Лигата, челниците на европската куќа на фудбалот, решија од осмина-финалето судиите да имаат помош и од видео асистентот.
УЕФА, потврди дека ВАР-технологија, ќе се користи и во Лига Европа, во завршната фаза во Лигата на Нации и на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Примената на технологијата во Лига Европа ќе започне исто така од нокаут рундата.
ВАР-технологијата веќе се користи во првенствата на Шпанија, Италија, Германија, Франција и Португалија, а од наредната сезоната ќе се воведе и во англиската Премиер лига.