Францускиот дефанзивец Рафаел Варан наводно веќе ги информирал шефовите во Реал Мадрид дека сака трансфер ова лето по осум сезони во шпанската престолнина.
Според шпанската ТВ „Ел чирингуито“ дефанзивецот сака трансфер во друг клуб, а Реал веќе одредил дека тој може да замине за 100 милиони евра, со многу заинтересирани клубови низ цела европа, како Манчестер јунајтед, Пари Сен-Жермен и Јувентус.
25-годишниот Варан освои сè што можеше со Реал откако пристигна во 2011 година од Ленс – две титули од Ла лига, една од Копа дел реј и четири трофеи од Лигата на шампионите, а лани со Франција стана и светски шампион. Тој наводно е незадоволен од животот во Мадрид, иако неговиот сонародник и тренер, Зинедин Зидан инсистира дека Варан е среќен.
„Тој е тука осум години и досега одигра феноменално. Мене ми изгледа среќен и посветен на работата и чувството е добро. Секако, има шпекулации дека го сакаат други тимови, но јас го гледам во Реал“, изјави Зидан.
?NOTICIA #JUGONES | Varane ya LE HA COMUNICADO al Madrid que QUIERE SALIR en VERANO. Su VENTA estaría CERCA de los 100 MILLONES. pic.twitter.com/rVbc52UD3k
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 1, 2019