Актуелниoт светски првак Франција се бори со вирусот што го зафатија нивниот камп во пресрет на полуфиналниот натпревар против Мароко. Дајот Упамекано и Адриен Рабио пред неколку дена беа покосени од болеста и поради тоа не настапија во полуфиналето против Мароко, а на клупата остана и Кингсли Коман. Сега има уште два случаи на вирусот кои циркулираат во францускиот фудбалски камп.
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп е загрижен отккако нови заразени се двајцата централни дефанзивци, Ибрахима Конате и Рафаел Варан. Сето ова се случува на само два дена пред финалето на СП 2022 против Аргентина.
Конате го замени Упамекано во центарот на одбраната против Мароко. Сепак, сега и дефанзивецот на Ливерпул и Варан се во прашање за финалето, откако денеска се чувствуваа лошо, пишува францускиот медиум „Л’Екип“.
Од францускиот табор вината за големиот број болни фудбалери ја префрлуваат на силното воздушно ладење на стадионите.