Фудбалерите на Вардар забележаа победа во воведниот натпревар од 19 коло во рамките на Првата македонска фудбалска лига. Лидерот на табелата со 1:0 го доби гостувањето во Велес, кај Борец.
Натпреварто во Велес го реши репрезентативецот на Македонија Даниел Аврамовски во 33 минута. Голот што го постигна против Борец беше единаесетти за Аврамовски оваа сезона. Овој пораз е прв за Борец на домашен терен оваа сезона.
Колото ќе се комплетира утре со натпреварите: Работнички-Шкупи, Ренова-Струга, Силекс-Шкендија и Македонија ЃП-Академија Пандев.
foto/fkvardar.mk