Top Sport

Арсенал тргнува по Муса Дијаби

Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да го доведе крилниот напаѓач Муса Дијаби од Баер Леверкузен, пишуваат британските медиуми. Французинот се проценува на сума од околку 50 милиони евра, но се чини дека Германците за него ќе бараат 100 милиони евра.

Лондонскиот клуб сака да го засили нападот со оглед дека Габриел Жесус ќе паузира долго по повредата што ја заработи на Светското првенство. Арсенал извиси во трката со Челси за трансферот на украинскиот фудбалер Михаило Мудрик и сега се фокусира на други играчи.

Покрај Муса Дијаби, „топчиите“ се заинтересирани и за Душан Влаховиќ од Јувентус.

Scroll to Top