Top Sport

Жоргињо е прескап за Барселона

Барселона е на пат да се откаже од идејата да го доведе играчот од средниот ред на Челси, Жоргињо, во својот тим. Каталонците имаат сериозен интерес за италијанскиот интернационалец чиј договор истекува на лето и би можел да биде доведен како слободен играч.

Клубот од „Камп Ноу“ имал првични разговори со фудбалерот, но неговите високи финансиски барања изгледа ставаат крај на преговорите, пишува каталонскиот „Спорт“.

Жоргињо побарал 12 милиони евра годишна плата од Барса. Тој истото барање го постави и во преговорите со Челси за нов договор. Сепак, засега, и двата клуба не се подготвени да ги задоволат неговите финансиски барања.

За Жоргињо е заинтересиран и Милан, но „росонерите“ тешко можат да си ја дозволат платата што ја бара Бразилецот со италијански пасош.

Scroll to Top