Top Sport

Венеција со играч помалку ја изненади Рома

Венеција е последнопласиран тим и одамна е испаднат во Серија А, но допатува на „Олимпико“ со надеж да остане непоразен и успеа во тоа. Иако гостите играа со фудбалер помалку повеќе од еден час, на крајот извлекоа реми (1:1). Згора на тоа, победата на Рома и беше потребна во трката за излез на европска сцена.

Давид Окереке на почетокот ја изненади Рома, погоди уште во првата минута, а Венеција остана со фудбалер помалку во 32.минута кога беше исклучен Софијан Кијине.

Рома долго се мачеше да израмни, а тоа му успеа на Елдур Шомуродов во 76.минута. Сепак, и покрај огромната офанзива, тимот на Жозе Мурињо не успеа да постигне втор погодок.

 

Scroll to Top