Арсен Венгер е прв кандидат да го замени Нико Ковач на клупата на Баерн Минхен, тврдат германските медиуми, а самиот француски стручњак ги зголеми шпекулациите по изјавата дека „многу му недостасува“ тренерската работа.
Венгер, кој е без работа откако лани си замина од Арсенал по 22 години на чело на лондонскиот клуб, при гостување на „БеИН спортс“ како коментатор не сакаше директно да одговори дали е подготвен да замине за Германија, но призна дека му недостасува работата.
„Тука сум да зборувам за овие мечеви, но со овие прашања веднаш ме поставивте под притисок. Тренерската работа е мојот цел живот и секој кој бил тренер ќе ви го каже истото. Ми недостасува интензитетот, победата, подготовките за натпревар, споделените емоции. Почнав од 33 години и тренира до мојата 69. година без престан, така што секако ми недостасува“, вели 70-годишниот Французин.
Венгер беше тренер на Нанси во 1984 година, пред три години подоцна да замине во Монако, со кои ја освои Лига 1 во 1988. Потоа тој беше година и пол во јапонскиот клуб Нагоја грампус ејт, пред во 1996 година да го смени Брус Риоч на клупата на Арсенал, со кои освои три титули од Премиер лигата.