Англискиот премиерлигаш Вест Хем дополнително го разбранува летниот пазар со неочекувана одлука да му понуди на Деклан Рајс нов осумгодишен договор според кој ќе заработува 200.000 фунти неделно.
Рајс е член на „чеканите“ веќе половина деценија и е еден од најбараните играчи за претстојниот преоден рок.
Најсериозни кандидати за неговиот потпис се Манчестер Јунајтед и Челси, а се чинеше дека Вест Хем тешко ќе одолее на нападите на англиските великани. Сепак, од источен Лондон стигна јасен сигнал дека тие веќе не се „мал клуб “.
Договорот на англискиот репрезентативец со полуфиналистот во Лига Европа истекува на 30 јуни 2024 година, а ќе биде многу интересно да се види како оваа одлука ќе влијае на иднината на играчот од средниот ред во клубот.