Вест Хем продолжи да победува во Конференциската лига на УЕФА, откако со минимални 1:0 го совлада Силкеборг. Лондончани до петтиот триумф во групата стигнаа со погодокот на Ланзини од пенал во 24. минута.
Сиваспор на домашен терен славеше со 3:0 против Клуж и го презеде врвот во групата Г, каде вечерва победа и Славија Прага на гостувањето кај Балкани (0:1).
Слован Братислава со пресврт го победи Пјуник со 2:1. Од македонските фудбалери во гостинскиот тим вечерва настапи само Спировски, додека Радевски и Ристовски не беа ниту на клупата за резерви.
Хартс ја победи Рига со 2:1, а Ѓургарден на гости го совлада Молде со 2:3.