Top Sport

Ќиро Блажевиќ: Рак, метастази? Ку*ац, јас не се давам!

Легендарниот поранешен хрватски селектор, Мирослав Ќиро Блажевиќ повторно ја вознемири јавноста со нова фаталистичка порака откако пак се бори со ракот на простатата. Тој веќе првпат го победи карциномот во 2011 година, но сега ситуацијата очигледно не е добра, и во интервју за српскиот „Телеграф“, ја објаснува својата состојба.

„Кога ќе ви кажат дека имате рак со метастаза, си мислиш дека си готов. Али, ку*ац, јас не се давам. Ќе се борам до крај против оваа најподмолна болест. Ми се појавија метастази на коските, и некој веќе би се предал, но јас одам до крај. Секако, имам неостварени желби, но би молел сите да не ме жалат сега кога сум на заминување. Секогаш имав убав живот и од непријателите направив барем полу-пријатели, а подоцна пријатели. Никогаш не сум се карал со никого“, вели 86-годишниот Блажевиќ.

Тој исто открива дека имал понуда да ја преземе Црвена звезда.

„Иван Стамболиќ ме викна да ја преземам Звезда, но нема да откријам која година. Работите беа договорени, но Џаиќ и Цветковиќ ме блокираа со зборовите: ‘Што ќе ни е Хрват тренер на Звезда’. Не жалам, бидејќи секогаш сум бил динамовец и најмила ми е титулата во 1982 кога бев пред Зведа“, додава Блажевиќ.

Чиро Блажевиќ се прости од Словенците: Многу сум болен, збогум!

Scroll to Top