Ветеранот Тоби Алдервајрелд го постигна најверојатно својот најдобар и најважен гол во кариерата, откако во 94. минута стрелаше за 2:2 реми на неговите Антверпен со Генк, со што „кралскиот“ клуб ја освои првата белгиска титула од 1957 година.
Пред последното коло не беше јасно кој ќе стане шампион, откако Антверпен, Унион Сен-Жил и Генк имаа по ист број на поени. Антверпен и Генк играа меѓу себе, додека Сен-Жил ги пречекуваа Клуб Бриж. До 89. минута, Унион ја имаа титулата со 1:0 водство, Генк имаа 2:1 предност против Антверпен.
Но, во 89. минута Клуб Бриж дадоа гол за 1:1 против Сен-Жил, што значеше дека Генк ќе стане шампион. Бриж на крајот стигна до 3:1 победа, за во 94. минута, Алдервајрелд со луд гол од 25 метри израмни на 2:2 за трофеј.
Cenas de autêntico filme na última jornada da Liga Belga.🇧🇪
Toby Alderweireld fez este golaço monumental aos 94 minutos e deu o título de campeão ao Antuérpia 66 ANOS DEPOIS. 😱
Épico. Simplesmente épico. 🤯pic.twitter.com/7pgWKFyAkT
— Futeb⚽l T⚽tal (@Futeb0lT0tal) June 4, 2023