Фудбалерот на Реал Бетис, Борха Иглесијас повторно влезе во кампања за поддршка на ЛГБТ популацијата во фудбалот, објавувајќи иронично видео во кое признава дека е хетеросексуалец.
Неодамна, Иглесијас и неговиот соиграч од Бетис, Аитор Рубијал, беа мета на хомофобични коментари околу нивнатата сексуална ориентација, откако се појавија со чанти во рацете. Двајцата фудбалери тогаш пратија порака преку социјалнтеи мрежи, за сега Иглесијас да отиде чекор понатаму со видеото.
„Да, јас сум хетеросексуалец. Дали ова некогаш би се случило? А, зошто не и обратно“, вели иронично Иглесијас, по што објавува информација за 70 отсто повеќе насилство против хомосексуалците во Шпанија во 2022 година.
En 2022 la cifra de agresiones contra la orientación sexual se ha incrementado un 70%.
A mí no me agreden por ser heterosexual.
Por eso, más que nunca, #muchoorgullo 🏳️🌈 pic.twitter.com/qdGmb7McUL
— Borja Iglesias (@BorjaIglesias9) June 26, 2023
Фудбалерите на Бетис против хомофобите по фотографијата со чантите