Во натпреварот од 28. коло од Втората лига на ФБиХ Запад, трета по ранг во босанскиот фудбал, Братство од Босанска Крупа им гостуваше на соседите Слога од Босанска Отока.
Домашните победија со 4:1, но натпреварот остана запаметен по деталот од 87. минута од натпреварот.
Ишак Џанан постигна спектакуларен гол со „ножички“. Џанан лично се пофали со својот подвиг на ТикТок, каде неговата објава имаше речиси милион прегледи и 85.000 „лајкови“ за три дена.
@__ishak__97__ #gnkbratstvo1918bosanskakrupa #fypシviralシ #22 ♬ Izrael i Palestina – 𝙏𝙀𝘼 𝙏𝘼𝙄𝙍𝙊𝙑𝙄𝘾