Навивaчите на Војводина и на Партизан вчера имаа жестока пресметка во Нови Сад. Тепачката се случи пред вчерашниот дуел на двата клуба.
Приведени се голем број навивачи. Српските медиуми јавуваат дека тепачката била во центарот на Нови Сад, а забележани се повеќе од 15 полициски возила.
На социјалните мрежи се појавија видеа од апсењето на навивачите.
🇷🇸 Vojvodina vs Partizan Belgrade 01/04/2023 pic.twitter.com/IWh7GIZJOw
— 101% ULTRAS (@101ULTRAS) April 1, 2023
Војводина го победи Партизан со 2:1 со головите на Филип Малбашиќ и Немања Николиќ. Стрелец на единствениот гол на Партизан беше Данило Пантиќ.