Top Sport

(ВИДЕО) Хаос на тренингот на Хрватска: Ливаја тргна да се пресмета со публиката

На денешниот тренинг на хрватската фудбалска репрезентација на „Рујевица“, стадионот на Ријека, се случи инцидент. Марко Ливаја ги загуби нервите поради навреди упатени кон него од дел од гледачите од трибините.

„Ливаја престана да тренира и се упати кон толпата за вербално да се пресмета со оние кои фрлаа по него. По него се стрчаа и други играчи, но и Ведран Чорлука кој ја смири ситуацијата“, пишува „Спортске новости“.

На тој дел од трибините веднаш реагираа обезбедувањето и полицијата, па сѐ остана само на вербален инцидент.

Scroll to Top