Иако резултатите од летната пред-сезона не вредат ништо кога ќе почне „вистинското“, Јирген Клоп сигурно е малку загрижен откако неговиот тим едвај стигна до 4:4 реми со германскиот Гројтер Фирт. Првиот дел од летните подготовки, „црвените“ го поминуваат во татковината на Клоп со мечеви со локалните клубови.
Против Гројтер, тие имаа подобро прво полувреме, во кое Луис Дијаз ги донесе во водство во 22. минута од мечот. По промената на стартните 11 во второто полувреме, Гројтер израмни преку Американецот Џулијан Грин веќе во 48. минута, пред Дарвин Нуњез да постигне два убави гола во 50. и 59. минута за пресврт и 1:3 водство.
Гројтер, пак, потоа целоно се вратија во игра – Лукас Петков во 67. минута стрелаше за 2:3, по што имаше две асистенции до Арминдо Зиб во 74. и 77. минута за 4:3. Мо Салах во 89. минута постигна гол по асистенција на Нуњез за да спречи засрамувачки пораз од второлигашот.
За потсетување во првиот меч во Германија, Ливерпул ги победија Карлсруе со 4:2, иако до 90-тата минута резултатот беше 2:2.
Lovely skill from Darwin before a composed finish 🫶 pic.twitter.com/cEm0omjMNw
— Liverpool FC (@LFC) July 24, 2023
Elliott ➡️ Salah ➡️ Nunez ⚽ pic.twitter.com/UFfzrjqZ75
— Liverpool FC (@LFC) July 24, 2023
How is Liverpool letting a random team dk this to them😭#SGFLIV pic.twitter.com/Dl3rrNkJtj
— 𝐜𝐟𝐜-𝐲𝐮𝐬𝐚𝐟 (@cfcyusaf) July 24, 2023
😭😭😭 Liverpool losing 4-3 now#SGFLIV #LFC pic.twitter.com/1gRR6Iwbmo
— 𝐜𝐟𝐜-𝐲𝐮𝐬𝐚𝐟 (@cfcyusaf) July 24, 2023