Нотингем форест и Барнли се задоволија со по еден поен по 1:1 ремито во последниот меч од петтото коло во англиската Премиерлига, по што гостите го освојуваат својот прв поен во повратничката сезона во елитата.
Гостите дојдоа во водство со голот на Зеки Амдуни во 41. минута, за Форест да успее да израмни со прекрасниот гол на поранешниот фудбалер на Челси, Калам Хадсон-Одои во 64. минута од мечот. Лајл Фостер потота постигна уште еден гол за гостите, но тој беше поништен поради играње со рака.
Форест сега се на осмото место на табелата со 7 поени по пет меча, додека Барнли се претпоследни со еден поен од четири одиграни мечеви.
⚽️🏴 GOAL | Burnley 1-1 Nottingham Forest | Hudson-Odoi
What a fantastic goal from Hudson-Odoi!!!pic.twitter.com/x19iam1ajV
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 18, 2023