Top Sport

(Видео) Проектилот на Чуамени и пресуди на Мајорка

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа победа против Мајорка, 1:0 (0:0).

Тоа беше 24. победа за избраниците на тренерот Карло Анчелоти со која направија уште еден голем чекор кон шампионската титула.

Мајорка пружи силен отпор остана во долниот дел на табелата со 28 поени.

Реал до победата стигна во 48. минута, а стрелец беше Аурелиен Чуамени.
Тоа беше прекрасен гол, фантастичен удар од 30 метри, топката заврши во горниот лев агол од голот на домаќините.

Со оваа победа Реал си направи добра увертира пред реваншот од Лигата на шампионите со Манчестер Сити кој се игра во среда од 21 часот.

Scroll to Top