Top Sport

(Видео) Реакцијата на Гвардиола кога Ортега го одбрани ударот на Сон

Манчестер сити го совлада Тотенхем со 2:0 и се врати на челната позиција во Премиер лигата. Во последното коло, за да ја одбрани титулата ќе треба да го победи Вест Хем.

На стадионот на Тотенхем, Сити доби неочекуван херој, Стефан Ортега. Поранешниот голман на Арминија, во 69.минува го замени Едерсон.

Две минути подцна го запред Кулушевски, осум минути подцна му одбрани уште еден удар на шведскиот репрезенентативец, а во 86.минута при резултат 0:1 ја имаше одбраната која веројатно ќе му ја донесе титулата на Манчестер сити.

Ортега го одбрани ударот на Сон во ситуација „еден на еден“.

Колку беше важна таа одбрана покажа реакцијата на Пеп Гвардиола кој следеше што се случува на теренот. Кога Ортега го направи потегот што му ја донесе наградата за играч на натпреварот, менаџерот на Сити за момент се фрли на теренот.

Scroll to Top