Top Sport

(ВИДЕО) Тирана не победи, па навивачите влетаа да го тепаат судијата

Тирана не успеа да победи на домашен терен против Билис (2:2), а тоа значи и дека ја загубија трката за титулата во првенството на Албанија со Партизани, кој славеше на гости против Кастриот (1:4).

По завршувањето на мечот, навивачите на Тирана влетаа во теренот да го тепаат судијата Криденс Мета, кој досуди пенал за гостите по кој израмнија на 2:2.

На овој меч имаше и македонски актери, Филип Најдовски е капитен на Тирана, додека на клупата беа Исени и Тошевски, а за Билис играа Адили и Дамчевски.

 

Scroll to Top