Дали топката ја мина гол-линијата или не? Од Каталинија се бесни на судијата Сото Градо и неговите колеги во ВАР собата, убедени се дека по ударот на Ламине Јамал, голманот Лунин од голот ја исфрли топката во поле.
Спорниот момент во синоќешното Ел Класико, повотрно ја отвори дебатата зошто во шпанската Ла Лига не постои гол-технолигијата?
Тоа по натпреварот го потенцираше капитенот на Барселона, Марк Андре тер Штеген.
„Технологијата за гол линијата не е економско прашање, туку прашање на имплементација. Во текот на сезоната имаме четири-пет ситуации во кои би можеле да го примениме. Судијата Матеу Лахоз ни кажа дека во 99 проценти од ситуациите судиите гледаат дали е гол или не. Исто така, оваа технологија има грешки и не е совршена. За се што ни треба во овие ситуации, можеме да користиме ВАР и не планираме воведување на „Око соколово“ бидејќи тоа не ни е потребно“, изјави претседателот на шпанската Примера Хавиер Тебас пред почетокот на сезоната кога по којзнае кој пат го прашаа за воведување видео технологија на гол линијата.
Сепак, виновни се и клубовите. Пред една година тогашниот претседател на шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес изјави дека се е до клубовите.
„Ова не е услуга која ја плаќа Федерацијата или Лигата, туку клубовите. Кога ќе одлучат да платат 2.000.000 евра, нема да имам ништо против воведување нови технологии“.
Клубовите не се договорија и не платија. Иронијата е што ова лето Барселона гласаше за продолжување на мандатот на Хавиер Тебас, па дури и зголемување на неговата плата на неверојатни 5.400.000 евра годишно. Реал беше против тоа. Ниту еден од двата клуба не го покрена прашањето за воведување на „Око соколово“.
Инаку, синоќа, францускиот „Канал+“ со своите стручњаци, ја реши мистеријата. Според нив одлуката на Сото Градо била исправна, односно топката не ја минала гол-линијата.
Both Being Sport + Canal+ released the footage of the ball.
The ball didn't entirely cross the line.
& it's not Real Madrid's fault that Laliga doesn't have a goal line technology.
BARCA actually voted for Tebas salary increment while Real Madrid was against it.
So, deal with it pic.twitter.com/Dr4bFB2WCZ— Ksquare (@kunlexco001) April 22, 2024