Top Sport

(ВИДЕО) Трагедија во Амстердам: Италијански фудбалер паднал во канал и загинал

Италијанскиот фудбалер Габриеле Галани, капитен на италијанскиот петтолигаш Пикардо Траверстоло, загинал во несреќна случка во Амстердам. Тој паднал во канал, се здобил со сериозни повреди и се удавил. Смртта била констатирана неколку часа подоцна во болница.

24-годишниот фудбалер бил на неколкудневен одмор со пријателите во Холандија и паднал во канал во областа Кловениерсбургвал. Одел зад пријателите кои одеднаш приметиле дека Габриеле паднал во водата.

Нуркачите успеале да го извадат неговото тело, бил пренесен итно со хеликоптер во болница, но лекарите не успеале да го реанимираат.

 

Scroll to Top