Top Sport

Магдебург ја доби Барселона за ривал на Ф4 турнирот во Келн

Барселона – Магдебург и Киелце – ПСЖ ги сочинуваат полуфиналните двојки од ракометната Лига на шампиони, одлучи денешниот ждрепка. Завршниот Ф4 турнир ќе се игра во Келн на 17/18 јуни, а титулата европски првак ја брани Барселона.

Келн по 14. пат ќе биде домаќин на завршниот турнир во елитното клупско ракометно натпреварување. Барселона 11 пати ја освојуваше титулата европски првак, вклучувајќи ги и последните две изданија. Магдебург има три титули на континенталниот шампионат, последната во 2002 година и по долго време пак ќе биде дел од елитната „четворка“.

Киелце беше најдобар европски тим во 2016 година, а ПСЖ сѐ уште е во потрага по првата европска титула.

Scroll to Top