Top Sport

(ВИДЕО) Црвена Звезда освои двојна круна во Србија

Фудбалерите на Црвена Звезда се освојувачи на двојна круна оваа сезона во Србија. По шампионскиот пехар, „црвено-белите“ го освоија и Купот, совладувајќи го Чукарички со 2:1 на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Спектакуларен гол постигна Марко Доциќ од Чукарички во 21.минута, кога директно од корнер го совлада Милан Борјан.

Но, Црвена Звезда беше далеку подобра во второто полувреме и славеше со двата гола на Александар Пешиќ, во 61. и во 76.минута од натпреварот.

Scroll to Top