Валенсија го доби дуелот на „Месталја“ против Реал Мадрид со 1:0 и направи голем чекор кон опстанок во Ла Лига. „Лилјаците“ долго се мачеа оваа сезона, но се чини дека влегоа во форма кога беше најпотребно.
Диего Лопез успеа да го совлада Тибо Куртоа во 33.минута и донесе предност за Валенсија, која тимот ја задржа до крајот на мечот. Најзаслужен за тоа е голманот Ѓорги Мамардашвили, кој имаше неколку фантастични одбрани.
Мечот се играше цели 107 минути, изобилуваше со провокации од двете страни, а во финишот Винисиус Жуниор доби црвен картон.