Јувентус стигна до третата победа во новата сезона од Серија А совладувајќи го Лацио со 3:1 во четвртото коло од шампионатот. Блескаше Душан Влаховиќ кој постигна два гола, а погодок за „старата дама“ постигна и Федерико Киеза.
Луис Алберто беше стрелец на единствениот гол за Лацио на овој дуел.
Јувентус по триумфот за искачи на првото место на табелата во овој момент со 10 освоени бода.