Навивачите на ПСЖ не им го простуваат лесно поразот од Реал Мадрид и елиминацијата од Лигата на шампионите на своите миленици. Напротив, тие добија жестоки свирежи на денешниот меч против Бордо во француското првенство.
Најмногу на удар се Лионел Меси и Нејмар кои се сметаат за главни „виновници“ за поразот. Од нив фановите очекуваат многу повеќе.
Од свирежи единствено беше поштеден Килијан Мбапе, тој доби аплаузи при претставувањето, а и во текот на натпреварот.
Neymar and Lionel Messi are being booed at the Parc des Princes every time they touch the ball during PSG’s game with Bordeaux. pic.twitter.com/JXhCcm5Dnn
— Footy Humour (@FootyHumour) March 13, 2022