Поранешниот македонски репрезентативец Виктор Ангелов одново ќе игра во Романија откако потпиша за второлигашот Глорија Бузау.
Тој има искуство од Романија, каде во минатото настапуваше за тимот на Волунтари.
Напаѓачот доаѓа како слободен играч откако ја заврши соработката со Академија Пандев. Договорот На Ангелов со Глорија Бузау е на 1,5 година.