Top Sport

САД опен во Орландо?

Американската тениска асоцијација (УСТА) е под притисок да ја смени локацијата на тенискиот САД опен, што значи дека гренд слем турнирот може да се оддржи во Орландо, Флорида, тврди британскиот „Телеграф“.

САД опен е на распоредот од 31 август до 13 септември на Флешинг Медоуз во Њујорк, но постојат многу сомнежи дали тоа може да се оствари бидејќи Њујорк е најпогодената сојузна држава од пандемијата на корона вирусот, а самиот град Њујорк е можеби најпогодениот град на светот.

Една опција е да се оддржи турнирот на новоизградениот кампус на УСТА во Орландо, Флорида, каде што има 100 терени. Флорида е единствената сојузната држава на САД каде што веќе се оддржуваат натпревари во ММА.

Scroll to Top