Вилијан потврди дека по седум години заминува од „Стемфорд бриџ“ со шпекулации дека од Челси се сели во северен Лондон, односно во Арсенал.
32-годишниот Бразилец постигна 63 гола и имаше 62 асистенции во 339 настапи за Челси откако пристигна од рускиот Анжи Махачкала во 2013 година. Челси не сакаа да му го дадат посакуваниот тригодишен договор.
„Дојде време да одиме понатаму. Ќе ми недостасуваат соиграчите, сите во клубот кои се однесуваа кон мене како кон син и на нашите фанови. Си заминувам со високо крената глава, сигурен дека освојував работи со мојот клуб и секогаш го давав својот максимум. Благодарност до сите вас и Бог да ве благослови“, вели Бразилецот.