Бразилскиот селектор Тите го повикал напаѓачот на Челси, Вилијан како замена за повредениот Нејмар за Копа Америка ова лето, потврдија од Бразилската фудбалска конфедерација (БФЦ).
Негов последен меч е на 29 мај, кога играше за Челси во финалето на Лига Европа и победата над Арсенал во Баку, Азербејџан, а вчера главна вест во бразилските медиуми беше неговото крштевање во светата река Јордан.
Нејмар се повлече од составот во четврток откако ги скина лигаментите во својот лев скочен зглоб при еден старт во 2:0 победата во пријателскиот меч против Катар.
Вилијан, кој има 65 настапи за Бразил и 8 постигнати голови, треба да се приклучи на тренинг-кампот во Порто Алегре, каде што во недела Бразил играат со Хондурас во последниот подготвителен меч.
Willian getting baptised during the week and then being called up for the Brazil national team for the Copa America ?.
Gods plan #CFC pic.twitter.com/XjpuAxIBJm
— samzi25 (@samzi252) June 7, 2019