Top Sport

Вистинскиот трофеј од Премиерлигата во Манчестер, на „Енфилд“ само копија?

Официјалните лица на Премиерлигата потврдија дека ќе постават идентични „позадини“ за прославување на титулата и на „Етихад“ и на „Енфилд“ пред последното коло од шампионатот, во кое и Манчестер сити и Ливерпул можат до трофејот, но англиските медиуми тврдат дека вистинскиот трофеј ќе биде во Манчестер, додека во Ливерпул ќе отпатува „копија“ бидејќи очекувањата се Сити да ја освои четвртата титула во последните пет години.

Сити ја пречекува Астон вила, со легендата на Ливерпул, Стивен Џерард на клупата, додека Ливерпул игра со Вулверхемптон – Сити имаат еден поен предност пред Ливерпул.

Според „Дејли телеграф“, шефот на Премиерлигата, Ричард Мастерс ќе биде на „Етихад“ со вистинскиот трофеј, додека на „Енфилд“ ќе патува копија заедно со помошниците на Мастерс.

Scroll to Top