Душан Влаховиќ ќе има фантастично соочување со својот поранешен клуб Фиорентина во полуфиналето на Купот на Италија, откако српскиот напаѓач го постигна победничкиот гол за 2:1 победа над „тврдите“ Сасуоло во Торино вечерва.
Ќе биде интересно да се види како ќе се судри со својот поранешен клуб, бидејќи условите околу неговото заминување за 75 милиони евра во Торино остануваат контроверзни во Фиренца, каде што го сметаат за прв „предавник“.
Јувентус дојде до рано водство уште во третата минута преку Пауло Дибала, кој повторно доби скандирања да остане од авивачите на „бјанконерите“, но Сасуоло успеа да израмни преку Хамед Траоре во 24. минута. Јуве ја имаше иницијативата, но мораше да чека за победничкиот гол до 88. минута, кога Влаховиќ имаше убав продор во шестнаесетникот на гостите и ја затресе мрежата.
Vlahović goal
Follow for more goals pic.twitter.com/xE88ox8aVA
— ᗷᖇO Oᖴ TᕼE ᑕᒪIᑭᔕ⛹?⚽️??♂️ (@manclipss) February 10, 2022