Нутриционистот на италијанскиот клуб на Елиф Елмас, Наполи, вели дека фудбалерите на клубот имаат дозвола да јадат и пица „еднаш неделно“, бидејќи невозможно е кога си во Неапол да не јадеш пица.
Улогата на исхраната на фудбалот во последно време е поставена на највисоко ниво за постигнување на целосна физичка подготвеност и здравје, како и при помагањето на опоравувањето од повредите. За менито на Кристијано Роналдо за да се оддржи формата на негова возраст е пишувано многупати, додека е познато дека Антонио Конте во било кој тим каде што работел збранува јадење кечап.
Нутриционистот Марко Руфоло на Наполи, пак, ја објаснува својата позиција во јужна Италија.
„Мојата работа е да се грижам за исхраната, да спречам дехидрација, еден од најголемите непријатели на секој спортист. Честопати, иако губат многу течности, не чувствуваат потреба за пиење. Претходно, нашата работа со фудбалските клубови беше ретка, но сега повеќе се сфаќа улогата на вистинската исхрана. Во Наполи, пицата не е забранета за играчите, еднаш неделно смеат да јадат. Но, само доколку е направена со свежи врвни состојки“, вели Руфоло.
Il nutrizionista del #Napoli: «È concessa una pizza a settimana, con materie prime e lievitazione di qualità»
Repubblica Bologna intervista Marco Rufolo: «Importante prevenire la disidratazione, uno dei principali nemici dell’atleta» https://t.co/3iWWQ02Zji
— il Napolista (@napolista) January 17, 2022