Ривалството на Олимпик Марсеј и Пари Сен-Жермен трае со децении, но очигледно по неделното контроверзно дерби, работите се кренаа на ново ниво по обвинувањата за расизам и за хомофобичност.
Мечот во кој Марсеј победи на „Паркот на принцовите“ со 1:0 беше одбележан со бурниот финиш, во кој пет фудбалери добија црвени картони по општата тепачка, предизвикана од Нејмар и од Алваро Гонзалез, откако Бразилецот го обвини својот ривал дека го навредувал на расна основа.
Навивачите на Марсеј, кои се горди на својата мултикултуралност, одговорија на тоа со поставување на дрес на Нејмар на влезот на официјалната продавница на тимот во градот.
Којзнае што ќе се случи кога ПСЖ ќе треба да гостува на „Велодром“!
A Neymar PSG jersey was put on the doorstep of an official Olympique de Marseille store for fans to wipe their feet on before entering.
Total disrespect. pic.twitter.com/KpBYpE4d9a
— Moleque Neymar (@Neymoleque) September 16, 2020