Дефанзивецот на шведски Малме и репрезентативец на БиХ – Анел Ахмедхоџиќ потврдил дека веќе имал состанок со калчолигашите Аталанта и Наполи, двата тима се трудат да го доведат летово во своите редови.
22-годишниот стопер минатата сезона беше прогласен за најдобар одбранбен играч во шведската лига, а неговиот менаџер потври дека постои голем интерес, пред се во Италија, за неговите услуги.
„Слушнав дека сакаат да ме доведат некои италијански клубови. Убаво е тоа да се чуе, сепак се работи за една од најдобрите лиги во светот. Тоа покажува дека досега добро сум работел. Подготвен сум за следниот чекор, играм во најсилниот шведски клуб и се навикнав на притисок. Изгледа дека Италија ќе е мојата следна дестинација. Го сакам италијанскиот фудбал“ вели Ахмедхоџиќ за „TuttoMercato“.