Top Sport

За Уругвајците е јасно кој е виновен за елиминацијата – го „бркаа“ судијата Зиберт во тунелот

Уругвај по уште една драма на Светското првенство во Катар е елиминиран, кога иако ја совладаа Гана со 2:0, шокантната победа на Јужна Кореја над Португалија (2:1) значеше дека се елиминирани поради помалку постигнати голови – имаа иста гол-разлика како Корејците, но помалку дадени голови 2:2 и 4:4.

Во финишот на мечот, Единсон Кавани беше фаулиран во шестнаестникот на Гана и бараше пенал, но судијата Даниел Зиберт отфрли ваква можност и одби да провери преку ВАР. По крајот на мечот, Кавани, Диего Годин и другите репрезентативци на Уругвај бараа објаснување од германскиот судија и го следеа до тунелот, пред судскиот тим да си замине во придружба на обезбедувањето.

Scroll to Top