Италијанскиот тренер Алберто Закерони им се извини на навивачите и на цела јавност во Обединетите Арапски Емирати, откако неговата репрезентација доживеа понижувачки 4:0 пораз од лутите ривали Катар во полуфиналето на Азискиот куп во својата татковина.
Доколку загубеа од фаворитите Австралија во четврт-финалето, немаше да биде толку голем проблем, но сега Закерони заминува по 15-месечниот договор со репрезентацијата со горчлив вкус во устата. Италијанецот претходно ја предводеше Јапонија до титулата од Азискиот куп во 2011 година.
„Тоа е фудбалот. Ја прифаќам целосната одговорност. Јас сум тренерот и ние загубивме. Бевме добро подготвени, но не ги усреќивме фановите и направивме премногу грешки. Застанувам во одбрана на моите фудбалери. Работев со посветеност и го дадов мојот максимум. Фудбалот во ОАЕ има блескава иднина и без мене“, вели 65-годишниот Закерони.
Фото: ЕПА
Катар го декласираше ОАЕ и ќе игра финале на Азискиот Куп на нации (видео)