Top Sport

Заниоло е 15-тиот фудбалер на Рома со повреда на коленото во само шест години

Младиот италијански талент, Николо Заниоло денеска ќе биде на операција и ќе стане 15-тиот фудбалер на Рома кој ги скинал лигаментите на коленото во последните шест сезони во неверојатна статистика за клубот од „Олимпико“.

Италијанскиот печат повеќепати шпекулираше за причините за враќањето на оваа специфична повреда на фудбалерите на „волчицата“, со вести дека клубот поставил нова подлога на тренинг-терените во Тригорија. Крилото Диего Пероти имаше интересен коментар по повредата на Заниоло при вчерашниот пораз од 1:2 од Јувентус.

„Теренот на ’Олимпико’ никогаш не бил добар и е еден од најлошите во Серија А. Секогаш има дупки и мислам дека тоа придонесе за повредата. Николо е многу важен фудбалер за нас, така што се надевам дека ќе се врати бргу“, изјави Пероти.

КОМПЛЕТНА ЛИСТА НА ФУДБАЛЕРИ НА РОМА СО ВАКВ ПОВРЕДА

Кевин Стротман – 9 март 2014

Елија Капрадоси – 14 септември 2015

Езекиел Понсе – 24 ноември 2015

Абдулахи Нура – 28 мај 2016

Антонио Ридигер – 11 јуну 2016

Марио Руи – 5 август 2016

Алесандро Флоренци – 26 октомври 2016 и 17 февруари 2017

Емерсон Палмиери – 28 мај 2017

Лука Пелегрини – 15 јули 2017

Рик Карсдорп – 25 октомври 2017

Рикардо Калафиори – 2 октомври 2018

Давид Буа – 23 ноември 2018 и 16 септември 2019

Вилијам Бјанда – 4 февруари 2019

Давиде Запакоста – 4 октомври 2019

Николо Заниоло – 12 јануари 2020

Scroll to Top