Португалскиот репрезентативец Нуно Мендеш поради повреда го заврши учеството на Мундијалот во Катар. Лекарските прегледи покажаа дека тој нема да биде способен за настап најмалку во наредните две седмици.
Нуно Мендеш се повреди во 42. минута од натпреварот против Уругвај, кога Португалците обезбедија пласман во осминафиналето. Тој во солзи го напушти теренот, а португалските медиуми објавија дека се работи за повреда на бутниот мускул.
Португалија во последното коло од групната фаза утре ќе игра против Јужна Кореја.
Левиот бек на Пари Сен Жермен имаше и проблем со повреда на тетивата пред почетокот на турнирот, поради што не беше вклучен во воведниот меч против Гана.