Српскиот шампион, Црвена звезда загуби со 2:1 од Радник Сурдулица, клуб кој првпат во својата историја ги совлада „црвено-белите“ ставајќи крај на рекордната серија од 51 меч во српската Суперлига без пораз – од 14 јуни 2020 година.
Тимот на Дејан Станковиќ имаше серија од 51 меч без пораз, односно цела сезона 2020/21, а од тие 51 мечеви, тие победија на 46, и ремизираа во сасмо пет меча.
По поразот, Звезда останува на второто место на табелата по 13 кола, со 32 поени, пет помалку од лидерот Партизан.